Ако некаде има криминал, тоа неспорно е политичкиот двор на СДС.
За седум години власт СДС не остави институција каде што не го прошил криминалот, корупцијата и злоупотребата на финансиски средства.
Нивниот кадар Лидија Димова во времето на власт на Зоран Заев, е синоним за криминал и злоупотреба на европски пари наменети за младите во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
Злоупотребувајќи ја службената положба како директорка, Димова проневери околу 20 милиони евра, пари кои место кај младите завршија кај приватни фирми.
А, од друга страна пак, да имаше нешто спорно и противзаконски во работата на Агенцијата во периодот што претендира СДС, во изминатите седум години власт со невиден терор ќе ги апсеа луѓето за кои зборуваат.
Дополнително, ако СДС имаат дилеми во однос за постапувањето или непостапувањето на Јавното обвинителство, си го имаат својот обвинител Љупчо Коцевски, нека си го прашаат.








