02.08.2025

Ѓорѓиевски: Денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја

Вечен нека биде Илинден, вечна е Македонија!

На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на македонската држава, борба што ја продолжија многу знајни и незнајни јунаци кои ги положија своите животи на олтарот на слободата, за Македонија да биде дом за својот народ.

На 2 август 1903 година, нашите дедовци му покажаа на светот дека огнот на слободата што гори во срцето на Македонецот е нескротлив.

Тој пламен продолжи да гори и преку Илинденците од 1944, за да се роди современата македонска држава.

А денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја.

Ние, нашата генерација.

Јас верувам во нашата генерација!

Македонија ќе живее, затоа што има горди синови и ќерки кои безрезервно ја љубат.

Честит и вечен нека е Илинден!

Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/1290392879380665?ref=embed_post