30.07.2025

Харикири пресовите на СДС се одраз на нивната безидејност и насоченоста да си го штитат криминалот и одвлекуваат внимание, Министерството за спорт не ја најмило фирмата туку МОК

Жалиме што СДС пушта низ вода кадри кои излегуваат на пресови како политички камикази.

Очигледно Спасов, кој го води пи-арот на СДС, потребно е да добие отказ после ваквите катастрофални утки.

Споменатата агенција, ,,Идеа лаб“, не е ангажирана од Министерството за спорт туку од Македонскиот олимписки комитет, кој нема допирна точка со Владата. Од друга страна  ,,Идеа лаб“, како агенција имала соработка со институции и под контрола на владите на СДС, како што е ,,Преспа форум“, и во периоди кога Владата ја воделе други партии.

За разлика од агенцијата ,,Рејтинг“ на Никола Спасов, која го води пи-арот на СДС, и исклучиво работи кога СДС е на власт, со владините институции. 

Ваквите харикири пресови на СДС се одраз на тоталната безидејност и нивната насочесност да си го штитат криминалот и одвлекуваат вниманието.