22.07.2025

Мицевски: Битиќи глуми жртва и мисли дека ќе избега од одговорност за своите постапки, маските веќе паѓаат 

Маските паѓаат!

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што тема е Ребалансот на Буџетот, му реплицирав на поранешниот вицепремиер од Владата на ДУИ и СДС Фатмир Бетиќи. 

Откако го соочив со вистината и му искажав неколку факти, некогашниот вице премиер во очигледна нервоза и паника, видно изнервиран го покажа вистинското лице. 

Почнаа навреди за семејство, за новинарите!

Маските паднаа и се виде вистината.

А, вистината можете да ја видите на видеото.

Може да се види нервоза, агресивност, дрскост и еден исплашен човек.

Човек кој мисли дека ако навредува и глуми жртва некој ќе му се смилува.

Дека одговорноста за постапките ќе биде заборавена.

Е вакви луѓе ни ја воделе државата, вакви луѓе ја кроеле нашата судбина.

Добро е ова видео да има јавна осуда – за никогаш повеќе вакви луѓе или слични на нив не дојдат во можност да водат институции или сериозни процеси во нашата држава.

Во прилог линк од мојата реплика:

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/v/1B1zwhSE7p