21.07.2025

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во напредокот на локалните самоуправи, 828 договори за проекти од вториот повик со вредност од 225 милиони евра за капитални инвестиции низ општините


Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во локалните самоуправи и нивниот напредок. Развиени и силни локални самоуправи се основа за развиена држава. Развиени општини се темел на развојот на држава.

Преку двата повици од инструментот за капитални инвестиции со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. За разлика од минатото сега нема фаворизирање на ниту една општина ќе се инвестира насекаде низ Македонија.

Во првиот повик беа финансирани 288 проекти за општините кои опфаќаат проекти од областа на транспортот и инфраструктура, животна средина, образованието и културата, како и спортот и социјалната политика.

Преку вториот повик од инструментот за капитални инвестиции се потпишаа договори за 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони.

Најголем дел од проектите, 589 се во областа на транспортот, каде ќе се вложат над 8 милијарди и 105 милиони денари, или 132 милиони евра. Ќе се инвестира во нови патишта, улици, мостови.

143 проекти се од областа на животната средина каде ќе се инвестираат над 2,4 милијарди денари преку проекти за почиста вода, канализациски мрежи, управување со отпад, нови паркови.

Во образованието 48 проекти, се вложуваат 1,6 милијарди денари за нови училишта, обновени училници, градинки. Како и во проекти од областа на културата, социјалната политика, спортот.

Преку овие инвестиции Владата го забрзува локалниот развој и активно работи на приближување на институциите до граѓаните. Поддршката за општините е транспарентна и е насочена пред сè за потребите и барањата на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.