18.07.2025

СДС во М-НАВ избираше лица на кои единствена квалификација им беше што се роднини на функционери од СДС и ДУИ

СДС вработуваше партиски послушници во М-НАВ, кои потоа ги тепаа контролорите на летање.

СДС во М-НАВ избираше лица на кои единствена квалификација им беше што се роднини на функционери на СДС и ДУИ.

СДС ги вработи: Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески, роднина на екс-министерот Горан Сугарески.

Партиски вработувања на СДС и ДУИ и нивни блиски роднини исто така се: за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска. Таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, вработена е и братучетка на екс-министерката Јагода Шахпаска од СДС.

СДС и ДУИ скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како на пример  роднините на министерот Љупчо Николовски, беа менувани и членови на Комисијата за прием на работа во М-НАВ.

Заврши времето кога М-НАВ беше дувло за вработување на најблиските семејства на врвните функционери на СДС.

СДС може сака тоа време да се врати, да довработи уште некој кој не успеале, но тоа нема да се случи.

М-НАВ  функционира професионално,  се работи исклучиво по стандарди и прописи.