Што ли ги тера во 22 часот да објавуваат соопштенија и да шират лаги?
Стравот од избори? Рејтингот на дното? Паниката од сопствениот распад?
СДС, наместо да размислува како да ја врати довербата кај граѓаните, избира пред полноќ да фантазира и да лаже за ВМРО-ДПМНЕ и за Владата. Веројатно, кога денот ќе им заврши со анкети во кои се рангирани под праг, со внатрепартиски кавги, несогласувања и невозможност да најдат кандидати подготвени да изгубат како градоначалници, им останува само тастатурата во доцните часови.
Ајде да ги разбиеме нивните лаги:
– Во нивно време, земјата тонееше, а денес:
Инфлацијата е намалена и стабилизирана;
Буџетот има 16% повисока наплата на приходи;
Платите растат во сите сектори;
Стопанството има поддршка со конкретни мерки и проекти.
– За „немање на капитални инвестиции“: само во првите 100 дена од оваа Влада, капиталните проекти се ревитализирани, а во тек е реализација на најголемиот капитален план досега.
– За енергетиката: токму оваа Влада ги наполни хидроакумулациите, РЕК Битола работи со полн капацитет, а државата ја враќа енергетската стабилност што СДС ја уништи.
– За „луксузирањето“: СДС последна партија треба да зборува за тоа. Да ги потсетиме ли на Заевите автомобили, патувањата на Филипче, нивните тендер-тури? Секој збор од нив е лицемерие на квадрат.
СДС не може да поднесе што Македонија оди напред без нив. Затоа панично објавуваат соопштенија во 22 часот, барајќи утеха во лажни тези и манипулации.
Но, народот не им верува повеќе. Не им поминува ниту старата плоча, ниту новите измислици.
Останете си во мракот на лажните соопштенија, а ние ќе работиме – на светло, транспарентно и одговорно.
И ќе победуваме. Повторно.