На денешната панел дискусија на тема „Инфраструктурен бум, ги градиме темелите на промените“ се обрати претседателот на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, и директор на ЈП ЖРСМ, Синиша Ивановски.
Ивановски на самиот почеток истакна дека пругата станува број еден транспорт во цела Европа, па како резултат на тоа и Македонија ќе го следи тој чекор.
„Свесни сме дека и на европско ниво пругата станува број еден транспорт за сите граѓани во цела Европа, и ние мораме да го следиме тој огромен чекор за да дојдеме до некое исто ниво. Во Македонија пругата е многу едноставна Север-Југ од Србија до Грција, и Исток-Запад од Бугарија према Албанија, ќе имаме брза пруга од Србија према Грција поминувајќи низ Гевгелија, но паралелно се гради во моментот од Скопје према Софија поделено на три дела, првиот од Скопје до Куманово веќе постои одамна, Куманово до Бељаковце завршен овој февруари, моментално се гради Бељаковце-Крива Паланка тој е околу 35 километри, имаме прогрес околу 30-35% со некој рок за завршување отприлика за едно година и пол“, објасни Ивановски.
Ивановски рече дека Бугарија на состанокот во Брисел дала ветување дека заеднички ќе се работи на изградбата на тунелот.
„Можам да кажам дека, вчера јас лично бев во Брисел на покана на ЕУ каде што Македонија и Бугарија имаа состанок околу решавањето на тунелот, вчера и Бугарија сериозно ветување дадоа дека ќе работиме заеднички да го работиме овој тунел а паралелно они веќе почнуваат со постапки за пругата од Бугарија кон граница со Македонија во четири дела да биде реконструирана, изградена со тоа што ќе добиеме пруга од Скопје до Софија со некоја идеална брзина од 100-120км на час, но акцентот во железничкиот транспорт во Македонија ќе биде од влез од Србија до Македонија до излез кај Гевгелија према Грција да имаме со 160 на час патнички сообраќај со минимален број на застанувања“, истакна Ивановски.