17.07.2025

За разлика од времето кога СДС ја водеше општината, денес Гази Баба се гради како никогаш во својата историја

СДС ниту по една година од најголемиот изборен пораз во својата историја не се реформира! Тие се заглавени во криминал, корупција и безидејност.

Денешната прес конференција во која СДС ја напаѓа работата на сегашниот и иден градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски е доказ дека тие се изгубени во времето и просторот.

Времето за СДС е застанато во периодот од 2017 до 2021 година кога градоначалник беше најнеуспешниот градоначалник во историјата на Гази Баба, Борис Георгиевски кога само се ветуваше, а ништо не се реализираше!

За разлика од времето кога СДС ја водеше општината, денес Гази Баба се гради како никогаш во својата историја. Во исто време се гради ново училиште за ООУ Крсте Мисирков, две нови детски градинки во Инџиково и Трубарево, комплетно се реконструира домот на културата во Ченто, се гради нова училишна сала во Црешево, се гради канализација во Јурумлери, се асфалтираат локални улици и многу други проекти.

Покрај отпочнатите проекти, Стефковски во својот мандат изгради и две нови спортски сали во Булачани и Стајковци, спортски комплекси во Хиподром, Стајковци и Инџиково, зелени паркови во Хиподром 2, Триангла и Ченто, нова канализациона мрежа во должина од над 25 километри во Смилковци, Црешево, Страчинци, Гоце Делчев, Чукур Маало и Јурумлери и многу други проекти.

Граѓаните на општина Гази Баба нема да дозволат општината да се врати назад во времето на СДС кога царуваше криминалот и корупцијата, дивееше урбаната мафија и водеа постапка за отворање на хемиски отпад.