Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во утринска емисија на МРТ. Тој истакна дека ќе биде во служба на граѓаните, преку директна комуникација со жителите на Карпош. Исто така тој потенцираше дека е подготвен да ги слушне нивните потреби и идеи, се со цел да се подобри самата општина.
,,Сакам да допринесам нешто во нашето заедничко, во општественото живеење. Да пробам нешто да променам, да бидам во функција како што рековте на граѓаните. Да бидам човекот првиот административец во општината кој ќе проба да ги среди работите да бидат во функција на граѓаните. Човек сум кој не седи на страна на општествените текови, сакам да ги менувам работите“, рече Лукровски.
Лукровски истакна дека ќе биде достапен за граѓаните, а започнати се и теренските посети. Тој посочи и дека е подготвен да работи фокусирано на конкретни реални промени.
,,Од секојдневното живеење многу добро го познавам Карпош, ги знам потребите на граѓаните. Овие денови стартувавме и со посета на маалата. Добиваме многу добри идеи.Пријатно се изненадив на посетеноста на бројот на луѓе кои во овие топли денови излегол на улица и сака да сподели идеја и информација се со цел за подобар Карпош. Така да постапуваме веќе и по одредени групи на граѓани. Ќе бидам секојдневно меѓу нив и ќе ги слушнам нивните потреби и барања“, кажа Лукровски.