Денес ги започнавме теренските активности за посета на жителите во општина Долнени. ВМРО-ДПМНЕ тргна на разговор со жителите на оваа општина. После една година консолидација на државата, борба со сите неправилности, стабилизација на институциите започнавме да ги градиме темелите на промените.
Во изминатата година дена реализиравме дел од она што ветивме пред изборите. Зголемување на пензијата за пензионерите од 5.000 денари линеарно за сите пензионери, зголемување на платата во образованието, здравството, полицијата. Го решивме статусот на 300 приватни специјализанти, а сега следува втората фаза решавање на статусот уште на 300 приватни специјализанти. Се прошири позитивната листа на лекови.
Од инфраструктура започнат е автопатот Битола-Прилеп, а се заврши и патот Градско-Фариш кој што изминатите 7 години беше оставен на забот на времето.
За земјоделците постигната е цена од 400 денари за откуп на килограм тутун. Се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари. Се исплатија субвенциите кои што не беа исплатени во изминатите години и нормално и сегашните субвенции во вредност од 8милијарди и 660 милиони денари.
Општина Долнени заслужува градоначалник кој има визија и кој ќе работи во интерес на сите граѓани на општина Долнени. Затоа на следните локални избори треба да се избери точно таков градоначалник.
ВМРО-ДПМНЕ ги постави темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.