09.07.2025

Петрушевски: Со претходната влада енергетиката беше спомнувана само во контекст на криминали, сега се работи на јакнење на енергетски капацитети во интерес на граѓаните

Собранието има една од клучните улоги затоа што ја создава правна рамка за енергетиката и суштината е да се постигне економска предвидливост и една економска стабилност, рече пратеникот Бране Петрушевски на вечерашната трибина на тема ,,Од енергетска стабилност до силна економија!“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а која се одржува во Куманово.

Пратеникот Петрушевски се осврна на она што се правеше изминатите години во делот на енергетиката и оти истата, односно капацитетите беа спомнувани само во контекст на криминал.

„Ако се навратиме неколку години наназад ќе видиме дека бевме сведоци на она што е целосна економска несигурност. Имаше една бизнис заедница која беше демотивирана и често прелажувана особено поради носење на некакви дополнителни давачки во форма на даноци, па сега дел од нив да бидат укинати од Уставниот суд. Па така, сега тие пари треба да се враќаат кон стопанството затоа што некој незаконски и неуставно правел погрешни политики и тоа создава несигурност“, кажа Петрушевски.

Петрушевски со примери во контекст на што се зборуваше за енергетиката во текот на изминатите години.

„За енергетика слушавме само поврзано со криминал за РЕК Битола, па потоа како претседателот на опозицијата добил ново возило од фирма која го снабдувала РЕК со јаглен неколку пати поскапо од нормална цена, се со цел таа фирма да исплати милионски суми во соседна држава на фирма на она познато струмичко семејство. Ова се еклатантни  криминални примери за испумпување на средствата наместо да се гради инфраструктура во државата“, вели Петрушевски.

За среќа годинава сликата е сосема различна, укажува Петрушевски објаснувајќи дека се работи на клучни теми.

„Сега имаме едно функционално и стабилно мнозинство кое работи во областа на енергетиката и на политиките од оваа област да бидат во интерес на граѓаните. Или на самиот почеток со системски закон се воведе и министерството за енергетика со што Владата покажа дека се става сериозен акцент на оваа област и дека се работи на воспоставување на енергетски капацитети кои се ефикасни“, вели Петрушевски.