Почитувани,
Во Сопиште СДС и Филипче кандидираат човек од друга општина.
Дотолку се слаби во Сопиште СДС и Филипче, што знаат дека ќе ги изгубат изборите уште во првиот круг со огромна разлика, па затоа го кандидираа Ѕвонко Васев.
Ѕвонко Васев е човек кој не ја знае Општина Сопиште. Не може општина да води човек кој нема пораснато, творено и живеено подолг временски период во Сопиште.
Што СДС и Филипче, преку Ѕвонко Васев ќе понудат во Сопиште? Ги знае ли Васев улиците? Знае ли каде се наоѓа општината? Знае ли кои се предизвиците со кои се соочува Сопиште? Знае ли Васев што ќе ги лаже жителите на Св.Петка, Чифлик, Ракотинци, Долно Соње?
Сопиште не заслужува импровизиран кандидат без визија, без знаење, без одговорност, Сопиште заслужува само продолжување на работата која со години ја градиме.