Почитувани граѓани,
Се наоѓаме пред ОК Зелениково и оттука испраќаме порака дека заедно со градоначалникот Коста и овој пат ќе издвоиме убедлива победа, заради тоа што во оваа една година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека може да работи за граѓаните. И заради тоа што покажа во претходниот мандат дека знае да работи во интерес на граѓаните.
Со Владата веќе обезбедивме 500 милиони евра за општините од коишто од овој дел одат и за инвестиции во Општина Зелениково.
Во Зелениково се гради градинка, се реконструира амбулантата, се градат пешачки патеки, се гради инфраструктурата. Се во интерес на граѓаните на Зелениково.
Како Влада силен фокус ставаме и на образованието. Конечно учениците имаат печатени учебници пред себе. Се издвојуваат овој пат средства и за конечна изградба на ФИНКИ и на ФФК зградите. И конечно инвестираме и во студентите. 250 евра за секој студент за набавка на електронски уред. И не застануваме тука. Јавниот превоз е нешто што најмногу ги задира приградските општини. Со овој ребаланс на Буџет веќе издвојуваме средства и за набавка на 120 автобуси кои што ќе бидат дел од јавниот превоз.
Доаѓа времето на Македонија. Ги градиме темелите на иднината.