04.07.2025

Даскаловски: Зад Бузлевски во Ресен стојат Заев и Филипче

Почитувани,

Ресен повторно е мета на партиски експеримент. Кандидатот на СДС, Александар Бузлевски, ни се претставува како “ново лице”, но зад него стои старата пракса – политички кадар без локални резултати, без визија и врска со реалноста кон граѓаните на Ресен.

Го паметиме Бузлевски како директор на Националниот парк Галичица, функција која ја вршеше со минимална транспарентност и со контроверзни одлуки што го доведоа во прашање управувањето со еден од најзначајните природни ресурси во државата.

Што направи за таа институција?

Дали го подобри управувањето со паркот?

Дали го приближи паркот до граѓаните или го претвори во уште една затворена партиска структура?

Дали отворил барем едно ново работно место за младите од Ресен?

Одговорот е јасен, не.

А сега истиот тој човек, без ниеден конкретен проект зад себе, сака да управува со цела општина. Не нуди визија, туку продолжување на истата политика на занемарување и игнорирање на потребите на народот.

Ресен не е терен за вежбање. Доста беше со експерименти и кариеристи. Александар Бузлевски е човек од системот што не запостави.

Ресенчани добро се сеќаваат за фамилијата Бузлевски , таткото на градот од минатото, долговите што ги направи и ја заглави Општина Ресен.

Затоа, драги сограѓани, на следните избори имате јасен избор:

Или ќе дозволиме Ресен повторно да биде жртва на политичка матрица,

Или заедно ќе го продолжиме патот на прогресот во Преспа, со локален патриотизам, со работа, со отчетност и вистинска промена.

Ресен не смее да потпадне под туѓи интереси. Ресен мора да победи!