02.07.2025

СДС со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите

СДС вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите. 

Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои се претходни градоначалници кои ги опустошиле општините или пак луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе. 

Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив!

Овие луѓе се синоним за неспособност, криминал и корупција. 

Овие луѓе не се нови кадри, туку се стари и истрошени кандидати кои се верни на Заев и Филипче. 

Овие луѓе не се иднината на општините. На локалните самоуправи им требаат чесни, работливи и искрени луѓе кои ќе работат за своите граѓани, а тоа не се овие кандидати на СДС.