27.06.2025

Вишинска: Центар заслужува промена, доаѓа времето на достоинствен живот за центарци

Почитувани,

Денес сме тука со факти – јасно и гласно да кажеме: Центар стагнира, а центарци ги живеат последиците од неисполнетите ветувања.

Градоначалникот Герасимовски многу вети – но малку направи. По 4 години, неговите ветувања се само празни букви на хартија.

Градинката во Маџир Маало, градинка во клинички центар, воспитно-образовен центар со градинка и училиште во парк 1 – се само илузија и постојат само на хартија.

Клучните проекти за деца и образование останаа само зборови. И додека тој се фали со „грижа за најмладите“, реалноста е – никаква реализација.

Монтажен паркинг со 296 места во Дебар Маало, Катната гаража спроти ПУИК, монтажен паркинг, во Пролет, гаража од 10.000 м2 кај Клиничкиот центар – ги нема во реалноста, ниту се планирани.

Наместо решено паркирање, центарци добија само хаос и изневерени очекувања.

Парк и нова административна зграда на локација ПУИК, Парк со игралиште кај Клинички центар и игралиште кај Куќата на Есма во Кале, се само празни ветувања на Герасимовски. Зеленилото и спортските површини постојат само во предизборни брошури.

А кај „Треска“ што добивме – БЕТОНИЗАЦИЈА. ЦЕНТАР ЈА ГУБИ ДУШАТА, НО КОЈ ПРОФИТИРА?

Општинските бараки – сè уште стојат. Новата општинска зграда, предвидените простории за младински центар и здруженијата – КАДЕ СЕ? Четири години само празни ветувања. И денес, истиот човек повторно ветува и повторно бара доверба? Со кое лице? Зарем навистина мисли дека центарци забораваат?

Центарци заслужуваат повеќе од лажни ветувања.

Центарци заслужуваат достоинствен живот. Заслужуваат одговорна, транспарентна и чесна локална самоуправа, градена на темелите на промените.