Министерството за енергетика за само една година направи резултати кои се видливи – граѓаните добиваат стабилен, модерен и независен енергетски систем.
СДС денес повторно ја користи старата тактика на ширење дезинформации, обиди за дестабилизација и популистичко манипулирање со стравовите на граѓаните. Најновиот напад врз енергетиката е уште еден обид да се прикријат нивните години на неработа и хаос во енергетскиот систем.
Вистината е сосема поинаква. Во првата година од работењето на Министерството за енергетика, се преземени конкретни и темелни чекори за темелна енергетска трансформација.
Закон за енергетика, усогласен со ЕУ стандардите, интерконектор со Грција, цената на струјата останува непроменета веќе една година, во соработка со Светска банка се обезбедуваат нови фондови за енергетска ефикасност, особено во јавниот сектор. По годините злоупотреби и партиски тендери под власт на СДС, повторно ќе има одговорна поддршка за намалување на потрошувачката и трошоците.
СДС го остави системот со хаварии и без визија. Граѓаните знаат дека со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ резултатите се неизбежни. Ги градиме темелите на промените.