26.06.2025

Атанасов: Во Неготино СДС кандидира човек кој е продолжена рака на Заев и Филипче

Почитувани сограѓани,

За многу брзо, ќе бидеме пред важна изборна одлука. Повторно се бара од нас да избереме – помеѓу прогрес и стагнација, помеѓу одговорност и заборав, помеѓу иднина и минато.

Од спротивниот табор, СДС ни предлагаат кандидати кои не се ништо друго освен продолжена рака на истите стари навики.

Само уште една алка од синџирот на корупција кој со години го гуши нашиот град.

СДСМ веќе покажа што знае – и тоа не е работа, туку распродавање. Не е грижа за граѓаните, туку грижа за тендери, за блиски луѓе, за личен интерес.

Неготино се споменува низ државата, но не како пример за развој, туку како симбол на неодговорност и коруптивност.

Дел од оваа неодговорност се:

Реновирањето на спортската сала, која што е се само не реновирана;

„Дивата“ канализација во село Дуброво;

Аферата со мазут во ТЕЦ Неготино;

И многу други негативни вести кои се дел од коруптивната мрежа на СДС.

Сето тоа е платено од вашите пари. Од парите на сите нас.

И сега, повторно истата партија сака нов мандат. Повторно истите луѓе, со истите структури, со истите интереси. Дали ќе дозволиме повторно градот да се води од сенка?

Ние велиме – доста е!

Ова не е изборна кампања. Ова е борба за достоинство на нашиот град. Потребна е локална власт која не се крие, туку одговара. Власт која работи, а не режира. Власт која носи промени, а не оправдувања.

Ние не нудиме празни зборови. Ние нудиме:

Работа, отчет, и резултати.

Потребен ни е град без лаги, без манипулации, без корупција.Да го ослободиме Неготино од сенките на минатото и конечно да кажеме – доста беше! Време е за иднина. За нашиот град. За сите нас.