25.06.2025

Канзуров: Кандидатот на СДС во Аеродром – Александар Трајановски е новата маска на старите, поразени политики

Почитувани,

Граѓаните на Аеродром добро знаат што значи СДС. Го видовме нивниот „модерен пристап“ и нивната „нова енергија“ во сите овие години на криминал, урбан хаос и национални понижувања. Сега, наместо да понудат искрен пресврт и самокритичност, тие повторно се обидуваат да го префарбаат старото лице – овојпат преку Александар Трајановски.

Ни го нудат како „свежо лице“, а зад него стојат истите луѓе кои ја закопаа Македонија во корупција, урбан хаос и национално понижување: Зоран Заев, архитектот на сите отстапки, промашени политики и длабока политичка демотивација на народот и неговата продолжена рака, Венко Филипче – симболите на распаднатиот режим на СДС.

Александар веќе еднаш излезе пред народот – како носител на советничка листа – и беше поразен, катастрофално поразен од граѓаните на Аеродром. А кога ја доби и таа мала поддршка да стане член на советот, се повлече од советот за друга „функција“ и ги извиси сите оние што гласаа за него, покажувајќи колку му е небитен Аеродром, а колку му се побитни другите лични функции.

И сега, повторно ни го нудат, како да сме заборавиле кого го претставува.

Нас не ни треба претставник на Заевизмот во нова амбалажа. Ни треба човек што знае што значи локална работа, одговорност и отчетност – а не неуспешен партиски проект, спакуван за нова измама.

Граѓаните на Аеродром знаат да препознаат обид за рецидив од минатото, препакуван во наводна свежина. Аеродром има паметење. И ќе покаже уште еднаш: Нема враќање назад, во времето на Заев, Венко и нивните продолжени раце.