По неколку години на застој и уназадување на државата од владеењето на СДС и ДУИ од темел ги менуваме работите. Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ една година отчетност, работа, посветеност и борба против корупцијата и криминалот.
СДС и ДУИ го уништија земјоделието и го погазија достоинството на земјоделците, беа закочени проекти на KfW и Светска Банка, недоволен персонал во Шумска полиција, услови за работа под ниво, руинирани и неисчистени канали за наводнување.
Наследството од СДС беше катастрофално, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022, 2023, 2024 година, а поради лошите откупни цени земјоделците својот род не го даваа на откупувачите туку го фрлаа на буниште. Подрачни канцеларии и единици немаше по поголемите населените места, со што беше отежнато аплицирање на земјоделците.
Во една година од владеење на ВМРО-ДПМНЕ исплатени се заостанати субвенции и има редовни исплати во износ од над 9 милијарди денари на над 70 000 земјоделци.
Склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха.
Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, а се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм.
Во 2024 година за прв пат се утврдени и постигнати највисоки откупни цени за двете најзастапени вински сорти грозје Вранец и Смедеревка.
Беше распишан Јавен повик кој се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ – доставени 254 апликации.
Поддршка за научно-образовните институции. Се потпиша договор со Научен институт за тутун Прилеп – за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на тутун – 25.500.000 денари;
·Потпишан договор со Институт за сточарство за набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна – 12 милиони денари;
·Потпишан договор со ФЗНХ за набавка на опрема за лабораториски анализи – 12.000.000 денари;
·Потпишан договор со Универзитетот во Тетово за набавка на опрема за лабораториски анализи – 12.000.000 денари;
Доделена е поддршка на 4 научно образовни институции каде вкупната поддршка изнесува 61.500.000 денари.
Земјоделците конечно имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ја враќаме гордоста кај македонскиот земјоделец. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.