Корумпираните кадри кои СДС ги има се очигледни, изборот на Костадин Ацевски за кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров е апсолутно политичко разочарување, кандидат кој е поврзан со контроверзии и сомнителни активности.
СДС покажа дека располага само со несоодветни кандидати кои се олицетворение на урбанистичката мафија која поддржува агресивна бетонизација, на семејното насилство и на преоптоварување на државниот буџет.
Јавноста е запознаена дека Ацевски беше дел од составот кој гласаше за промена на уставното име на Република Македонија и човек кој додека беше директор на Македонија пат потпиша договори за транспорт на битумен по цена многу повисока од реалната.
Кандидатот од СДС, Ацевски е човек кој е синоним за скандали и семејни инциденти кои воедно го нарушуваат неговиот личен, институционален и политички интегритет, тој е само продолжена рака на Зоран Заев и Венко Филипче.
Евидентно е дека кадрите на СДС се криминални и корумпирани, обременети со скандали и претставуваат приказ на хаосот во СДС.
Сите факти укажуваат дека ваков профил на човек за кандидат за градоначалник е несоодветен и не може да ги добие гласовите од граѓаните.
Жителите на Ѓорче Петров заслужуваат градоначалник кој ќе го гледа градот како свој дом, кој ќе работи чесно, одговорно и транспарентно, а не градоначалник кој врши злоупотреба на позицијата за свои цели.
СДС е нереформирана партија, партија која е заглавена во минатото, а граѓаните избираат промени и напредок на општината со развој и конкретни проекти!