25.06.2025

Уште колку Акиовци кои тепаат по партиска наредба се под покровителство на Филипче?

Филипче и понатаму собира политички поени и неговото молчење е се погласно, што веќе сигнализра одобрување. Очигледно е дека во мрежата на СДС, чуварот на фотелјата, Филипче го премолчува, толерира, па дури и го наградува насилството.


Акиов беше клиентелист на Заев и дали поради тоа се чувствува сигурно и не презема одговорност?

Акиов за сите нормални луѓе е насилник, меѓутоа за Филипче тој е човек од доверба, и човек кој тепа во име на политички интерес, а притоа не се срами бидејќи знае дека неговиот ментор молчи, и затоа ни Филипче бара оставка, ни Акиов поднесува.

Дали советниците на Филипче добиваат инструкции за тепање, и дали во СДС има место само за лојални, па дури по цена и ако се насилници?

Филипче се обидува да воспостави контрола на локален терен, и тоа избира да го прави преку насилство.

Уште колку вакви насилници, уште колку Акиовци се кријат низ советите и општините, уште колку тепачи има во мрежата на Заев и Филипче?

Дали СДС ги резервира советничките места за послушници кои се подготвени на се, па дури и на физичка пресметка?

Аки Акиов, член на Советот во општина Кочани од редовите на СДС, е разоткриен.

Време е граѓаните да знаат уште колку вакви тепачи има, и кои од нив се спремни да тепаат по партиска наредба.

Дали истите се шетаат по општините со чувство дека се над законот?

Никој не е над законот. Секој кој го прекршил треба да одговара.