Прашање: Кој е вашиот коментар за денешната трибина на СДСМ, во однос на една година од формирање на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ?
Одговор: По однос на денешните активности на СДС, би сакале да потсетиме и никогаш да не се повтори, 10 причини зошто Македонија беше понижена во време на власт на СДС:
- Промена на име;
- Срамен договор со Бугарија;
- Криминал во РЕК Битола;
- Запалена модуларна болница и без никаква одговорност, 14 починати;
- Дурмо турс – 16 загинати;
- Беса транс – 45 загинати;
- Артан Груби и Енвер Беџети на црна листа поради корупција;
- Судии и обвинители бирани од тефтери на Заев и компанија;
- Тендери во 4 очи;
- Онкологија и ќарот врз грбот на граѓаните кои се борат за живот;
А еве и 10 причини дека во првата година, Македонија ја градиме од темелите на промените:
- Од минус и раб на банкрот, зголемивме пензии за 5000 денари;
- Од минус и раб на банкрот, зголемивме плати во образование, здравство, МВР и други;
3.Се градат автопати како никогаш досега, 4 во исто време;
4. 1,2 милијарди СДИ за само 6 месеци;
5. Реконструкција на студентски домови;
6. 9 милијарди денари субвенции за земјоделците исплатени во рекордни суми;
7. Поддршка за општините и бизнисите од над 500 милиони евра;
8. Стратешки договор со ОК;
9. Достоинствено претставување на Македонија на европска сцена;
10. И 1 година без скандали, криминал и корупција;
Почитувани,
Денес СДС настапува со луѓето поради кои загуби. Иднината на оваа партија се ликови како Фрчковски, Андреј Жерновски, Венко Филипче, а во позадина стои Заев. Сето ова укажува дека СДС паѓа уште пониско и не научила ниту една важна лекција.
Ова се разликите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Разликите се очигледни и граѓаните ги препознаваат.