21.06.2025

Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

Васко Ковачевски избега од државата поради криминал од невидени размери во РЕК Битола, а тој беше поставен од СДС на таа функција како нивен член.

СДС нека каже каде е Васко Ковачевски и зошто бега од лицето на правдата, кога нивни судии и обвинители ќе го водат процесот, па можеби и ќе му ја намалат казната и ќе го пуштат на улица?

Повторно ќе повториме, доколку има некаков вид на сомнеж за корупција и криминал, тоа веднаш мора да се испита од страна на МВР. 

А од друга страна, за разлика од порано цената за електрична енергија нема да се зголемува на секој 3 месеци како во нивно време. 

За разлика од власта на СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните и нивните потреби.