Петрушевски: СДС уште еднаш покажа дека е партија која е против градба на железница, против градба на болници и други капитални проекти
Прашање: Како ги коментирате ставовите на СДС за изградба на пругата?
Одговор: Прес само колку нешто да кажат. Без докази, без наводи, само гола реторика. Тотално без идејни. Останува дека СДС е партија која е против градба на железница, против градба на болници и други капитални проекти.
Во СДС очигледно има отворен конкурс за пишување соопштенија, а изборот го прави некој што е на одмор или на целодневна седенка во кафеана, или пак постои интерен натпревар за недоветни и чудни кадри на кој често победува истиот човек, секако со врски и додворувања кај двоецот што го води СДС, Заев Венко. Не сме зачудени што нема сдсмовец кој не се срами од неговата партија и раководството заради што во континуитет ни приоѓаат со изрази и една реченица, на кое дереџе падна ова СДС.
Толку од одговорот.