19.06.2025

Петрушевски: СДС нека понуди барем еден доказ за тоа што го тврдат на прес -конференциите за Кочани, во спротивно следи тужба

Прашање: Кој е вашиот коментар за денешниот прес на СДСМ?

Одговор: СДСМ секој ден се буди со нова лажна конструкција, но секој ден и ја потсетуваме дека нема да има аболиции, нема враќање назад во времето на Драги Рашковски, на Бојан Јовановски, на 27-те милиони евра за софтвери, на тендерите без покритие, на црните пари што циркулираа во бели куќи.

СДСМ денес зборува за „одговорност“, а вчера не одговараше никој ни за модуларните болници, ни за клиниките со изгорени пари, ни за златните визи. Денес зборуваат за изборни процеси, а целиот народ гледаше што значи изборен криминал и институционално насилство во нивно време.

И тука сакаме јасно да порачаме: нека понудат еден доказ за тоа што го тврдат. Еден. Во спротивно ќе ги тужиме.

Им даваме рок од една недела, како што следува по закон, да се извинат јавно на прес-конференција. Ако не се извинат, ќе добијат тужба за клевета.

Нека се концентрираат и нека си стават прст на чело што трескаат – буквално. Да размислат што тропаат и да се освестат дека тоа што имаат таму партиска говорница, каде што се одржуваат на власт во сопствената партија со уцени и пари, не им дава за право истата бесрамност, невоспитаност и измами во стилот на улична трговија од Горњи Милановац или земање ауди за тендери, да ја применуваат и во политиката.

Ова е лага. Гнасна лага. И никој жив не верува во ова.

Затоа ќе мора да се соочат со судот, каде што ќе мора да ги докажат ваквите гадости. Ако не се извинат – веднаш ќе добијат тужба.

И апелираме – да не ни праќаат тајни абери дека „вака морало“, дека „ова било само за да се покрие денот со настан“. Не мора вака. Не мора со лаги.

Засрамете се.

А што се однесува за делчевски ниви, тој случај го водеше нивниот Гаврил Бубевски, го отвори во време на СДС, истрагата траеше 18 месеци, ги пробија сите рокови и на крај во нивно време се затвори случајот поради недостаток на докази.

Нивниот пиун и потрчко, Гаврил Бубевски, кој ги координираше сите напади против ВМРО и функционерите минативе 7 години, го затвори случајот. Тоа е истиот Бубевски кој беше на чело на прогонот против ВМРО-ДПМНЕ. И ако имало било каков основ тој одамна ќе ги затвореше сите против кои се правеше хајката.