18.06.2025

Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион

СДС уште еднаш покажа дека не може да излезе од сопствениот балон. Додека Владата работи, додека се намалуваат даноци, се враќа ред во институциите и државата почна да оди напред, СДС се занимава со измислени термини и панични настапиво јавноста.

Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт.

Факт е дека на меѓународни конференции како CPAC се среќаваат лидери кои се избрани од својот народ и го бранат националниот интерес. Тоа СДС не го разбира, бидејќи нивниот пристап беше сервилен, поразувачки и штетен.

Македонија нема да се врати назад. Колку и да се обидуваат СДС да ја извалкаат со излитени флоскули, народот гледа разлика меѓу збор и резултат. А нивниот збор не вреди ништо.