17.06.2025

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ не е суд, како што беше СДС во нивно време, правдата доаѓа од обвинителите кои тие ги поставија

СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани.

За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок.

Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и Муртино.

Истрагата е потполно неселективна и правдата ќе биде исполнета. Но, прашањето е зошто истите тие судии и обвинители, не се позанимаваат со тоа на каков начин Филипче го добил луксузниот џип од 130.000 евра, од фирма добитник на тендер во време на СДС и ДУИ? 

Зошто ЈО молчи за сите сомнежи кои секојдневно ги пренесуваме преку соопштенија и  прес-конференции? Зошто ЈО го штити Филипче на некој начин и не се отвора постапка против него? Дали има некаква друга причина која јавноста не ја знае и затоа тие молчат кога Филипче е во прашање?

За ист таков случај, ЈО отворило постапка за Пеце Мирчевски, меѓутоа кога потрчкото на Заев е во прашање, за него нема никаква постапка?

Правда мора да има. Затоа потребни се итни реформи во судството, затоа што не смее за едни да е мајка, а за други маќеа.