14.06.2025

СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение 

СДС прави груба злоупотреба на трагедијата во Кочани со цел да добие политички поен плус. Обвинувањата на СДС дека институциите постапуваат под притисок на опозицијата е безочна лага.

Сега институциите постапуваат професионално и неселективно, во однос на трагедијата во Кочани досега опфатени се голем број сегашни и минати функционери а некои се и во притвор.

МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец.

МВР ги има обезбедено сите докази по кои постапува ЈО и превзема акции.

Задача на ЈО, врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена е да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека на било кој начин е виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани.

Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата.

Сериозен е обемот на документацијата,  фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од Министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина е доказ за тоа.

Огромна е разликата од МВР сега и од МВР под водство на Спасовски и СДС.

Спасовски и СДС беа опортунисти и секоја околност и ситуација ја искористуваа за извлекување сопствена полза и корист или за теснопартиски интерес.

СДС да не бидат дволични и да кажат колку лица беа опфатени со истрагата за Модуларната болница, колку во Беса Транс и Ласкарци? Нула.

Сега одговорност има за секој без разлика кој е и од каде е.