Прашање: Каков е вашиот коментар по изјавата на судските власти, дека гаранцијата од околу 2 милиони евра е доволна да му се издаде пасош на Јахоски, за напуштање на државата?
Одговор: Кога станува збор за случајот со Асмир Јахоски едно е јасно, дека институциите треба веднаш да преземат активности.
Прво, треба да се провери начинот како го добил тој времениот пасош и второ следствено на ова, веднаш да биде разрешен истиот судија којшто му го дал овој времен пасош.
Замислете доколку на секој осомничен за криминал, доколку сака да ја напушти државата, да оди на некакви забави надвор од државата, судот му дава пасош или му го враќа или му дава времен пасош, би настанал тотален хаос во државата.