02.06.2025

Се подобруваат условите во здравството, со инвестиција од 1,5 милиони денари реконструирано одделението за систематски прегледи во ИЈЗ

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со посветена работа да ги подобрува условите во јавно здравствените институции.

И пациентите и здравствените работници заслужуваат подобри и современи услови за работа и за добивање здравствени услуги.

Задоволни пациенти и здравствени работници е целта кон која се стреми Владата.

За да се постигне таа цел постојано се вложува во раст на платите на здравствениот персонал и во подобрување на условите во болниците и јавните здравствени установи.

Вчера беше пуштено во употреба целосно реконструираното одделение за систематски прегледи при Институтот за јавно здравје.

Станува збор за инвестиција вредна 1,5 милиони денари која ќе обезбеди подобри услови за преглед, дијагностика и навремена превенција.

Во рамките на реконструкцијата на целото одделение, направена е нова соба со аудиометар и се стави во употреба спирометарот.

Со цел унапредување на здравствени услуги, реновирано е и приемното одделение, каде што се направени услови за повеќе шалтери, но и одреден дел којшто ќе биде само за здравствените работници од кругот на Клинички, како не би се мешале со останатите пациенти и не би го попречувале во процесот.

Исто така, во ИЈЗ поставен е нов апарат за калибрација на радиолошки апарати, кој е единствен во земјата и опкружувањето, каде ќе се калибрираат рентгени, мамографи и друга опрема од целата земја.

Со ова луѓето кои што имаат потреба, односно институциите кои што имаат потреба да го користат овој апарат нема да има потреба да одат надвор од земјата, туку ќе имаат можност да ги направат овде сите испитувања кои што се потребни.

По затекнатата руинирана состојба во здравството, со напорна работа и одговорен пристап, полека се подобруваат состојбите.

Владата продолжува со одговорна и посветена грижа за граѓаните, инвестирајќи во подобри здравствени услови и услуги, опрема, инфраструктура и здравствениот персонал.