11.04.2025

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на дводневна политичка академија, насловена – „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“, организирана од Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ и Фондација Конрад Аденауер

Денес започна дводневната политичка академија во соработка помеѓу Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ и Фондација Конрад Аденауер насловена – „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“ во Крушево.

На истата свое обраќање ќе имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Даниел Браун, официјален претставник на Фондација Конрад Аденауер и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски”

Во првиот дел се слушнаа дискусии за стратегиите за ефикасно управување и зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа како двигател на развојот, како и организациски, комуникациски и стратешки пристап за поефикасна локална самоуправува и комуникација со граѓаните.

Во рамки на своето обраќање официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун истакна: “Локалната политика е првата инстанца каде граѓанинот доаѓа во контакт со државата. Затоа е важно соодветно да се одговори на потребите и да се делува во насока на граѓанинот. Семинарот во организација на фондацијата Конрад Аденауер и ПИАЦ  Љубиша Георгиевски ќе понуди добри примери од праксата и се надеваме дека истите ќе бидат интересни и ќе предизвикаат дискусии”.

Претседателот Мицкоски кажа дека локалната самоуправа е во постојан контакт со граѓаните, и дека истата треба да е во постојан дослух со потребите на граѓаните и нивните барања. Тој потенцираше дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажале како треба да се раководат општините, и да се работи за граѓаните.

Академијата продолжува и утре со вториот дел на која ќе се дискутира за лидерство и комуникациски вештини во политиката кои подразбираат разбирање на потребите и грижите на граѓаните и луѓето околу вас, како и промовирање и запознавање на граѓаните со извршени и идни планирани проекти во општините.

Изразуваме голема благодарност до Фондација Конрад Аденауер и Даниел Браун официјален претставник на истата за несебичната поддршка и досегашна соработка со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија и ужива најголема доверба кај граѓаните.

Победата на претстојните локални избори ќе биде уште една потврда за тоа.