Почитувани,
ЈО да истражи како Апасиев и Левица купиле дуќан од 1 милион евра за само 300 илјади?
Димитар Апасиев кој беше наводен жесток поборник против банките и извршителите на крај со нивна помош купи имот по 3 пати пониска цена од пазарната.
Левица и Апасиев по стапките на братот на Груби се стекнаа со имот во центарот на Скопје по цена 3 пати пониска од пазарната.
Дали Левица и Апасиев имаат договор под маса?
Дали извршителот и банката анимирале доволен број потенцијални купувачи за дуќаните кој сега ги купил Апасиев?
Зошто не биле анимирани граѓани кои земаат кредити и купуваат дуќани по далеку поскапи цени? Дали била избегната поширока анимација на заинтересираните страни, за Апасиев да го земе дуќанот за џабе?
Левица и Апасиев се целосно демаскирани. Толку од аскетизмот и фолирањето. Сите гледаат како без грам двоумење Апасиев влезе во договор со банки и извршители да купи имот по 3 пати пониски цени.
Апасиев не се колебаше да го направи тоа што илјадници Македонци кои не се претседатели на Левица не можат да го направат.
Прочитани сте.