04.04.2025

Ако Левица која се претставува како жестока опозиција директно или индиректно прави деловни зделки, дали тоа значи дека ја поткрепува тезата за триото СДС-ДУИ-Левица?

Ова е време на транспарентност и ако документите се јавно достапни, зошто Левица не ги објават самите и се повикуваат на катастар?

Кога ќе бидат нешто конкретно прашани Левица веднаш преминуваат на теми како државни тајни или пак владини функционери, а се само магливи обвинувања за да избегнат одговорност.

Повторно манипулираат со оние нивни „левичарски“ вредности, и преку дефанзивен популизам, користат реторички напади кон власта како алатка за дистракција. Овој механизам на дистракција е веќе препознатлив за Апасиев.

Апасиев повторно изигрува жртва на некаква голема завера која се крои против него, а е лидер на партија со претставници во Собрание и пристап до ресурси. Ваквиот наратив веќе е потрошен.

Дали тоа што Апасиев прави зделки преку извршител близок до ДУИ, ја поткрепува тезата дека сепак триото СДС-ДУИ-Левица постои?