22.02.2025

Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај

СДС повторно шири бесрамни лаги со цел да ја прикрие катастрофалната состојба во која ја остави државата.  

Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДС да најде оправдување за сопствениот политички неуспех.

Ако некој создаде армија на неспособни партиски војници и ја претвори државната администрација во штаб на Бихаќка, тоа е токму СДС!  

Дополнително, ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДС.  

Смешно е што СДС денес држи прес-конференции наместо ДУИ против Влен.

До толку се зависни од ДУИ што еден ден природно ќе си го исполнат стариот договор и ќе се спојат во една партија.  

Оваа Влада е посветена на квалитет, а не на партиски списоци, и тоа граѓаните го гледаат.

Паниката во редовите на СДС е очигледна – знаат дека повеќе нема шеми, тендери и дебели хонорари за нивните послушници, па измислуваат скандали кои постојат само во нивните глави.