09.02.2025

Пренџов: Ние како општество мора да почнеме да ги почитуваме законите, за да владее правдата

„Ова е многу важна тема, не само во изминатиот период и мислам дека сега има дополнително значење и дополнителна одговорност на нас како чинители во Собрание. Да видиме што  може и каде може да направиме, како да направиме, со цел да ги унапредиме безбедноста во сообраќајот и безбедноста на животите на сите наши сограѓани. На иницијатива на партиите од мнозинството предводена од координаторот на политичката група на ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата, Никола Мицевски во понеделникот инициравме една јавна расправа за којашто дадовме неколку дена, до петок, со цел таа јавна расправа да се одржи“ , прецизираше во своето излагање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на денешната трибина на тема „ Суштината на проблемот – Лоши закони или лоша примена?“.

Пренџов истакна дека се одржала  јавна расправа  во Собрание, го објасни значењето на оваа јавна расправа и додаде дека биле вклучени сите институции кои може да дадат придонес за подобрување на состојбите во сообраќајот.

 „Концептот беше на тој начин што не сакавме воопшто никој на никој начин ова целото да го политизира. Затоа на јавната расправа се договоривме пратеници да не разговараат сакавме да ги слушнеме оние коишто директно ги спроведуваат законите, таа е првата линија и тука беше поканет и присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, присуствуваше и министерот за правда, бидејќи тие се оние коишто ги предлагаат законските решенија и тука беше Јавно претпријатие за државни патишта, како институција којашто е многу важна и се грижи за она што беше тема на дискусија. Она коешто беше цел да нема никаква политизација, бидејќи безбедноста на граѓаните што се движиме, што управуваме со моторни возила тука нема ниту етничка, ниту верска ниту било каква друга  припадност сите учествуваме во сообраќајот. Затоа поканивме само луѓе од науката, тоа беа првиот дел на обраќање. Тука беа повеќе професори по кривично – материјално право, кривично – процесно право, потоа имаше професори по безбедност, професори по криминалистика и на крајот имаше и невладини организации. Беа поканети да учествуваат МЗМП коишто се многу активни општествено на овие теми, како и претседател на Национално здружение на автошколи и возачи инструктори, односно оние кои ги произведуваат идните возачи“, објасни Пренџов.

Пренџов  објасни дека постојат случаеви во нашата држава каде што се случиле сообраќајни катастрофи, но се уште нема одговор од институциите кои се задолжени да ги решат случаите. Дополнително објасни дека институциите мора да започнат да си ја вршат својата функција затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.

„Ние имавме состојба во којашто автобуси и во друга држава и во нашата држава доживеа огромни сообрааќајни катастрофи со многу животи изгубени, но ние до ден денес не видовме кој за тоа и колку понесе одговорност. Сите ние сме граѓани на оваа држава, сите ние плаќаме подеднакво даноци во оваа држава, ние не знаеме оние коишто ги плаќаме за проблемите кои сме ги виделе , кои биле јавни, за недоследности кои ги имале тие поединци или компании или државата, ние не видовме кој е виновен, зашто го направил тоа и како ние како општество да знаеме како системот ги казнил оние коишто го сториле тоа“ , дециден е Пренџов.

Пренџов испрати порака дека потребно е да запчнат промените во нашата држава, но и ние како општество да започнеме да ги почитуваме законите за да владее правдата.

„Треба да започнеме да ги истакнуваме промените и во Република Македонија да биде нормално секој којшто направил работа која што е забранета согласно закон да одговара со казните пропишани во законот, сите да бидеме еднакви пред законите и само така ќе имаме едно општество во коешто ќе имаме многу попозитивни вести и ќе имаме многу подобра енергија“ , заклучува Пренџов.