Наместо да шири демагогија и да раскажува политички теории по ТВ дебати, Ана Чупеска нека почне да ги решава проблемите во СДС и нека почнат да се консолидираат пред да проблематизираат сензитивни прашања.
Единствен кој има идентитетска и политичка криза сам со себе е СДС.
Единствени кои предизвикаа проблеми и ги продлабочија проблемите на Македонија на патот кон ЕУ се СДС.
СДС е партијата која на Бугарија во раце им и даде инструмент за блокада на Македонија на патот кон ЕУ.
СДС со нивните катастрофални економски политики ја откочи спиралата на раст на цените и ги осиромаши граѓаните.
СДС го намали животниот стандард на граѓаните и ги доведе до економска несигурност со лошите економски политики.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, привлекување на странски инвестиции и отворање на нови работни места.