21.01.2025

Љубица Јанчева од СДС треба да престане да ја лаже јавноста и грубо да ја дезинформира

Љубица Јанчева од СДС треба да престане да ја лаже јавноста и грубо да ја дезинформира.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема изгласано никакво намалување на средствата за борба против загадување на воздухот. Единствената гласачка машинерија во Град Скопје на Данела Арсовска е СДС, ДУИ и Левица. Сите прашања врзани со тоа треба да ги постават на друга врата.

Воедно може и да одговорат зошто како 7 годишна власт не превземаа ништо за почист воздух. Ниту пак имаа некаква активна мерка.

Воедно СДС може одговорите за Град Скопје да ги добијат на некоја од тајните средби со данела одржани во Град Скопје или преку посредниците од Левица.

Не планираме битката за почист воздух да ја сведеме на подавање на топка меѓу партиите.