08.01.2025

СДС да се грижеа за воздухот колку што се грижеа за местењето тендери од кои профитираа милиони, до сега ќе се видеа првите резултати

Со секое бледо напишано соопштение, СДС само си ја потврдуваат нивната неспособност и тоа дека за седумгодишното владеење не направиле ништо за намалување на загадувањето на воздухот.

СДС за седум години власт, да се грижеа за амбиенталниот воздух и животната средина, колку што се грижеа за местење матни тендери од кои профитираа милиони, до сега ќе се видеа првите резултати.

Затоа што, на сите им е јасно, дека загадувањето на воздухот не е проблем што се решава со брзи решенија од денес за утре, туку тоа е проблем кој бара системски решенија кои даваат резултат на среден и долг рок.

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна власт со чесен пристап ко граѓаните, не ветува дека веднаш, со магично стапче ќе го исчисти воздухот, затоа се обврзува на долгорочна и системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето.

За таа цел потребно е промена на начинот на затоплување на домовите, што подразбира повеќе користење на еколошки горива, меѓу кои и централно затоплување, а затоа е потребно да се изградат гасни централи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на изградба на такви гасни централи, а веќе има и заинтересиран инвеститор.