26.12.2024

Најава за 15 нови странски инвестиции, зајакнување на економските врски со Турција, и дигитализирано издавање на уверение за државјанство за само 1 минута

Премиерот Мицкоски најави 15 нови странски инвестиции во процес, една во вредност од 360 милиони евра и 500 нови високо платени вработувања.

Средба помеѓу премиерот Мицкоски и турскиот министер за трговија, разговори за конкретни инфраструктурни проекти и искористување на економските можности.  

Услугата за електронско издавање на уверение за државјанство целосно дигитализирана, со можност за аплицирање во секое време и добивање на документот за само една минута.

Владата има системски решенија за Ромите, претставена стратегијата за 2025 година која подразбира поинклузивно и поправедно општество.

Македонија продолжува со несмалено темпо на инвестициски иницијативи за јакнење на економскиот раст, дигитализација и подобрување на животниот стандард на сите категории граѓани.

ЛИНК ОД ФБ ОБЈАВА:

https://www.facebook.com/share/v/17vx5VBAo4/