Почитувани граѓани,
Изминаа три години, откако ја добив довербата, да бидам градоначалник на општина Василево.
Пред вас, граѓаните стојам, достоинствено со крената глава, свесен за постигнатото, во изминатиот период како градоначалник на Општина Василево,
Три години исполнети со предизвици и обременети од енормно големиот затекнат долг, поради кој е отежнато дури и секојдневното функционирање на локалната самоуправа.
Најголем предизвик со кој се соочив, во почетокот на мојот мандат е катастрофалната финансиска состојба.
Но, како резултат на моето долгогодишно работно искуство во општината и максималната ангажираност на вработените, ја спасивме општината од целосен финансиски колапс.
Затекнав долг од околу 100 милиони денари и блокирана сметка.
Опомени и тужби пред извршни наплати за милионски суми, станаа секојдневие во нашата општина.
Сите ресурси максимално ги ангажирав за да кажеме: да, ние работиме, ние ја градиме нашата општина, која заслужува да биде посакувано место, за живеење со задоволни граѓани.
За овие три години покажавме како се работи домаќински и по план, за да се постигнат најдобрите резултати во образованието, спортот, инфраструктурата, детската заштита, економскиот развој.
Во Општината се реализираа капитални проекти, ветувани со години и докажавме дека со домаќинско и посветено работење дека тие стануваат реалност.
Ако во четирите години пред моето доаѓање на функцијата градоначалник на Општина Василево, немаше изградено ниту еден метар фекална канализација, ние инвестиравме во изградбата на канализациони системи во населените места Василево, Ангелци и Пиперево.
Со поддршка од Владата на Република Македонија ќе го реализираме најголемиот капитален проект за општина Василево – фекална канализација за цело населено место Василево. Септичките јами ќе бидат минато.
Но, не застануваме овде. Ќе се гради фекална канализација и во населеното место Радичево, Градошорци и Владевци.
Локалната патна инфраструктура е еден од најбитните сегменти за нормалното секојдневно функционирање на секој поединец.
Асфалтирани се улици како никогаш претходно и тоа околу 40 улици, со вредност од околу 100 милиони денари и должина од околу 10 км.
Асфалтиран е локалниот пат Добрашинци-Нова Маала, потоа од Ново до Старо Владевци, патот покрај Културниот дом во Василево, локалниот пат од влезот до центарот на Добрашинци, патот покрај Културниот дом во Градашорци, улицата покрај каналот во Василево. Улицата до манастирот Св. Ѓорги во Дукатино и патот до Црквата Св. Илија во Радичево.
Во наредниот период ќе се асфалтираат уште 25 улици, со што значително ќе се подобри патната инфраструктура.
Во делот на образованието, партерно се уредени училишните дворови во Радичево, Дукатино и Владевци. За прв пат се реконструира училиштето во Висока Маала, каде претходно децата учеа во нестандардни услови. Во училиштето во Нова Маала се реконструираа тоалетите а училиштето доби пристапна рампа за попреченост.
Најголемиот проект во образованието штотуку следува. Ќе се реконструира централното училиште Гоце Делчев во Василево. Тоа е најголем капитален проект во образованието во нашата општина.
Најавувам уште еден капитален проект за Градашорци-реконструкција на културниот дом. Оваа населено место ќе добие современ објект за одржување на културно уметнички настани. Средствата се обезбедени од Европската унија.
Горд сум и на реконструкцијата на Домот на културата во Василево, кој веќе почна да се користи за најразлични манифестации.
Детската градинка во Ангелци, која ја затекнавме со нерешени прашања во делот на обезбедени согласности за вработувања, овие денови доби согласност да биде пуштена во употреба и истата во наредниот период ќе ги загрижи првите дечиња.
За прв пат од 2004 година кога е изградена филтер станицата Ташли Баир, ја сменивме кварцната песок и извршивме целосна реконструкцијата.
Ја реконструиравме и филтер станицата во Добрашинци.
Центарот во Нова Маала доби нов лик. Целосно го уредивме платото пред домот на културата во Нова Маала.
Партерно ги уредивме и централните подрачја во Сушево, Седларци и чифлик маалото во Градошорци.
А центарот во Чанаклија доби нов парк, кој го промени ликот на оваа населено место.
Селските гробишта во Василево добија бетонски пристапни патеки.
Грижата за најмладите е наш приоритет. Уредивме детски катчиња во Василево и Владевци.
Изградивме и реконструиравме повеќенаменски игралишта во Василево, Чанаклија и Висока Маала. Во Радичево реконструкцијата е во тек, а идната година ќе го реконструираме кошаркарското игралиште во Владевци.
Грижата за животната средина е наш императив. Во таа насока решивме децениски проблем во Василево. Целосно е исчистена и дислоцирана Депонијата, која беше еколошка закана за здравјето на граѓаните.
Идната година ќе биде година на голема градежна офанзива. Ќе се асфалтираат над 20 улици и патишта, ќе се изградат бетонски канали во Дукатино и Владиевци, потоа ќе се изгради фекална канализација во Радичево, а Нова Маала ќе добие асфалтиран пат до селските гробишта. Асфалтиран пат со атмосферска канализација ќе добие и Пиперево од влезот до центарот на населеното место. Во населеното место Василево по поставувањето на фекална канализација ќе нема неасфалтирана улица. Во Градошорци ќе започнеме со изградба на првиот крак од фекална канализација.
Приоритет и во овие 10 месеци остануваат инфраструктурните проекти, за да донесеме развој, да изградиме капитални објекти кои ќе останат за генерации и генерации наши сограѓани и ќе сведочат за нашата посветеност, да ги промениме работите на подобро.
Свесен сум дека има уште за работа, но со еден плански пристап, постепено ќе ги затвораме отворените прашања.
Секој успех не е само за мене, не е само за Општина Василево, најмногу за вас драги граѓани на општина Василево.
Ќе потенцирам дека вложениот труд се исплати-бидејќи за својата општина се работи. За Василево и за моите сограѓани вложивме сѐ.