04.12.2024

Пешевска: Како член на ИО на Интернационалната женска демократска унија, ќе придонесам за промовирање на демократските вредности и принципи во Македонија и на глобално ниво

Чест ми е да објавам дека сум избрана за член на извршниот одбор на Интернационалната женска демократска унија – глобална алијанса на центар-десно политички партии, составена од 84 политички партии и 8 организации од над 60 земји низ светот, со седиште во Вашингтон.

Оваа позиција е голема чест и одговорност, и со нетрпение очекувам да придонесам кон промовирање на демократските вредности и принципи, не само дома, во Македонија, туку и на глобално ниво. 

Голема благодарност до сите кои ме поддржаа на овој пат. Заедно ќе работиме за подобра иднина за сите! 

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ испишува историја!

Линк од фејсбук статус:

https://www.facebook.com/share/p/1Au4v7ix81/