Почитувани,
Најкриминалната влада предводена од Ковачевски водена од желбата за профит при купување и продажба на струја, свесно го уништува енергетскиот сектор кој работи под оптималниот капацитет. Истото се случува за да можат одредени трговци да заработуваат милиони евра.
Како и за се друго, антимакедонската СДС повторно се обидува да ја префрли вината кон друг со лажни обвинувања и невистини. Имаат две тези дека Христијан Мицкоски како тогашен директор на ЕЛЕМ набавувал струја по 4 пати повисока цена и дека струјата се зголемила за 100%. И за двете тези лажат затоа што се удавени до гуша во неспособност и криминал.
Која е вистината? За периодот од 7-ми до 9-ти јануари цената која е набавена од ЕЛЕМ е по цена од 59,37 евра, а просечната цена на HUPX за тој период изнесува 71,09 евра. Заклучок: Лажат. Еве и доказ за тоа.
Понатаму, за периодот од 9-ти и 10-ти јануари, цената која е набавена од ЕЛЕМ е по цена од 100,43 евра, а просечната цена на HUPX за тој период е 108,64 евра. Заклучок: Лажат. Еве доказ и за тоа.
Понатаму, за периодот од 23-ти и 31 јануари, цената која е набавена од ЕЛЕМ е по цена од 88,66 евра, а просечната цена на HUPX за тој период била 132,35 евра. Заклучок: Лажат. Еве доказ и за тоа.
Да сумирам, ако се одземат цените за меѓуграничните капацитети, само по основ на овие цени Христијан Мицкоски набавил струја по цена пониска од 33% од таа што е на HUPX. Ако пак се додадат и прекуграничните капацитети тогаш тоа што го направил Христијан Мицкоски за компанијата е набавка на 40% поевтина струја од таа на HUPX.
Почитувани,
На лагите на СДС им нема крај, желни да го сокријат сопствениот криминал и неспособност се спремни да лажат и да обвинуваат други. СДС со 5 години власт успеа да го уништи ЕСМ и да го донесе од компанија која работи во позитива, во компанија која е во загуба. СДС се единствените кои успеале да донесат енергетска компанија во минус и за тоа ќе следи одговорност. Дај боже СДС да набавуваше струја по цена која е барем приближна како таа на HUPX. Вистината е дека денес владата набавува струја повисока од цените на HUPX и нема домашно производство што резултира со високи цени на струјата кои ги плаќаат граѓаните и бизнисот.