ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА МОГИЛА ПО 3000 ДЕНАРИ.
На мој предлог како градоначалник и со одлука на Советот на општина Могила обезбедивме финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила.
Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина.
Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети.