14.04.2024

Ковачки: Ах бре Стево, од бесрамник како тебе, државник не бидува, ова недолично однесување е резултат на немање култура и нервоза од поразот

Згрозен сум од однесувањето на Пендаровски Стево кој не пропушта можност да ја навреди неговата противкандидатката професорката Гордана Силјановска Давкова.Кај тој, па сега почнаа да ги охрабрува и нивните партиски послушници од СДС на митинзите.Пендаровски абе до пред малку се претставуваше како државник, и сега пак се демантираш самиот себе. Ах бре Стево, од бесрамник како тебе, државник не бидува.Уште по згрозен сум што портпаролката на СДС Богданка Кузеска стои и се потсмева.Овој примитивизам, ова недолично однесување е резултат на немање култура и нервоза од поразот. Овие од СДС тотално забегале.Во СДС се натпреваруваат кој по голема навреда ќе каже. Но, ние од ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваме кој подобар проект ќе предложи и реализира за доброто на граѓаните, и затоа ќе ве поразиме.

Вие навредувајте колку сакате, ние заедно со народот на 24 април и 8 мај ќе ве победиме!

https://www.facebook.com/share/v/sUbTT3Quohv1AgVL/?mibextid=oFDknk