НЕ СЕ ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ ЗА ГОЛЕМАТА КАШЛИЦА – ИМА ПОЛИТИЧКИ ИГРИ КОИ СЕ ПОВАЖНИ ОД ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ
Ковид пандемијата не беше доволна лекција за неспособната власт на СДС и ДУИ која и денес не води сметка за грижата за специјалистичкиот кадар
И денес во Македонија има сериозен недостиг на инфектолози и епидемиолози. И понатаму е мал бројот на овие специјалности
Оттука сосема легитимно се поставуваат прашањата:
- Дали Клиниката за инфективни болести во Скопје и сите инфективни одделенија ширум државата се подготвени за нова евентуална епидемија?
- Колку доктори се упатени за специјализација во овие специјалности во последниве неколку години?
- Зошто не се инвестира ниту во кадарот на вакциналните пунктови, во поликлиниките и генерално кадарот што работи на превентивна здравствена заштита?
Власта единствено затвори одделенија за инфективни болести, а во оние што функционираат ништо или недоволно е инвестирано.
Додека надлежните институции кои навремено не ги преземаа потребните мерки се во длабок зимски сон и без системски мерки и во оваа прилика упатуваме апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто вакцините се безбедни и спасуваат животи.
https://www.facebook.com/share/p/216A3V7P4a4tWgqp/?mibextid=2JQ9oc