09.07.2023

Мицкоски: Едно од решенијата да се одржува хигиената во Скоопје е механизацијата да биде отстапена на општините кога веќе ЈП Комунална хигиена кое е под Скопје не може да одржува чистота

Едно од решенијата е механизацијата да биде отстапена на општините и тие иако немаат такви ингеренции самите да може да ја одржуваат хигиената кога веќе ЈП Комунална хигиена кое е под надлежност на град Скопје тоа не може да го прави, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Бутел одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата со сметот кој настана поради град Скопје и ЈП Комунална хигиена.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде се од себе заедно со градоначалниците во скопските општини да се доведе хигиената на пристојно ниво.

– Она кое може ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да го направи е сите оние луѓе кои се дел од структурата, дел од општините во град Скопје да можат да дадат се од себе, доколку ги добијат основните средства да можат да ја доведат хигиената на едно ниво кое би било пристојно и ниво за кое скопјани издвојуваат големи средства од својот скромен буџет да имаат пристојни услови, рече Мицкоски.