Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра.Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп.Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење. Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја.Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта.Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра.Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД.И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра?Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата?ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција.Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите.Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот.
