14.06.2023

Ласовска:Една недела по лидерската СДС нема став кој од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ го прифаќа

Почитувани,Една недела по лидерската средба, а СДС уште нема став кој од двата предлозина ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа.Помина една недела, а балонот на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставниизмени под бугарски диктат издиша. Јасно се гледа безидејноста на кираџиите на ДУИ.Наместо да ја препознаат шансата и подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие се однесуваат крајно недораснато во клучни моменти за државата.СДС и Ковачевски мора да одговорат, кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ гоприфаќаат.Првиот, кој значи преодна влада без ДУИ и одложена примена на уставнитеизмени или вториот, кој значи брзи избори, а потоа барање на гаранции од Европскатаунија, финансиска поддршка за државата и барање Бугарија да имплементира барем 3пресуди на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците.Кој од овие два предлози за СДС и Ковачевски е прифатлив?Ако СДС не ги прифати двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриенинамери да преговара на сметка на идентитетот и ќе прифати нешто во тек напреговорите кое ќе го доуништи македонскиот идентитет.СДС сега треба да ги покаже своите вистински намери.Дали е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки?Дали планира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега иоставајќи простор во тек на преговорите со Европската унија, Бугарија да не’ блокирасекогаш кога ќе посака и со тоа да ја принудува Македонија целосно да си го уништисопствениот идентитет?Јасно е се како бел ден.СДС и Ковачевски не може вечно да се кријат и купуваат време.Време е да одговорат.